Од денес, автомобилите „сеат“ во земјава ќе ги продава компанијата „Порше Македонија“, а не увозникот „Кадис“, каде што досега можеше да се купи автомобил од овој бренд, објави порталот „Телеграф“, повикувајќи се на извори во автомобилскиот сектор. Според информациите, преминувањето на брендот „сеат“ од компанијата на семејството Каленикови во компанијата „Порше Македонија“ се случува поради одлука направена на глобално ниво, во групацијата „Фолксваген“. Односно, како што дознава „Телеграф“, станува збор за враќање на својот бренд „сеат“, кој на глобално ниво е во сопственост на групацијата „Фолксваген“, во компанијата што таа ја поседува во Македонија - „Порше Македонија“. Се очекува оваа информација официјално да биде соопштена на прес- конференција во текот на утрешниот ден.
Од денес, автомобилите „сеат“ во земјава ќе ги продава компанијата „Порше Македонија“, а не увозникот „Кадис“, каде што досега можеше да се купи автомобил од овој бренд, објави порталот „Телеграф“, повикувајќи се на извори во автомобилскиот сектор.
Според информациите, преминувањето на брендот „сеат“ од компанијата на семејството Каленикови во компанијата „Порше Македонија“ се случува поради одлука направена на глобално ниво, во групацијата „Фолксваген“. Односно, како што дознава „Телеграф“, станува збор за враќање на својот бренд „сеат“, кој на глобално ниво е во сопственост на групацијата „Фолксваген“, во компанијата што таа ја поседува во Македонија - „Порше Македонија“.
Се очекува оваа информација официјално да биде соопштена на прес- конференција во текот на утрешниот ден.
Познавачите на автомобилскиот пазар во земјава, кој од почетокот на глобалната финансиска криза се соочува со драстично намалена продажба, објасниле дека преминувањето на „Сеат“, иако не е крупна, сепак е значајна промена за продажбите на увозниците на мал пазар како македонскиот, и покрај тоа што овој бренд не е меѓу најпродаваните во земјава.
Инаку, „Кадис“ и „Порше Македонија“ важеа за остри конкуренти на тендерите. Во 2012 година „Порше“ го оспори тендерот за замена на полициските крајслери со возила од моделот „сеат алтеа“.
Со преминувањето на „сеат“ кај „Порше Македонија“, на увозниците „Кадис“ и „Аутомотив груп“, како компании чии сопственици се Каленикови, им остануваат брендовите „нисан“, „рено“ и „дачија“.
„Порше Македонија“, како компанија-увозник која е во сопственост на глобалната групација „Фолксваген“, од денес, покрај „шкода“, „фолксваген“ и „ауди“, ќе ги продава и автомобилите „сеат“.
Познавачите коментираат дека и „рено“, како бренд што го држи „Аутомотив груп“, е попопуларен од автомобилите на „сеат“ во земјава, така што неговото преминување кај „Порше Македонија“ нема да значи огромна загуба за сопствениците на „Кадис“ и „Аутомотив груп“.